skip to Main Content

Како продуктивно да го искористиме дополнителното слободно работно време?


Веќе изминаа триесеттина дена како се префрливме на работа од дома.
Обемот на работа кај некои остана генерално ист, без многу промени, меѓутоа кај доста колеги значително се намали.
 Да останеме мотивирани и да го извлечеме позитивното од намалениот обем на работа и работа од дома, секако свесни дека многу од луѓето се под стрес и силни емоции поради ситуацијата со пандемијата.

Еве неколку идеи како може да го искористиме дополнителното време со тоа што повторно ќе се фокусираме на продуктивност:
– Да останеме во контакт со своите колеги, можеби да се понудиме за помош за побрзо завршување на некоја задача.
– Да го искористиме дополнителното слободно работно време за да ги завршиме обврските што ги одложуваме.
– Можеби е време да го освежиме и уредиме своето CV или LinkedIn профил.
– Да го средиме уредот што го користиме без разлика дали е тоа нашиот лаптоп, телефон или статичен компјутер дома. Верувам секој од нас има доста непотребни или расфрлани фајлови, што е време да си го најдат своето место.
– Секако не би ја исклучила и можноста за создавање нови контакти online.
– Не секој од нас е креативен, но верувам има доста со нови идеи што можеби немало прилика да се споделат претходно, или едноставно не сте се осудувале.

Да го искористиме овој момент да придонесеме со нашите идеи за подобрување на општата атмосфера, работата и работната околина.
Дали можеби веќе направивте нешто од ова?
 Или пак имате замисла за нешто друго што би сакале да го споделите ☺

Автор: Јасмина Димоска

Kristina I. Kapsarova

Kristina I. Kapsarova

COO - Responsible for transparent implementation of overall business strategy and operations of Personal Programmer Skopje in direct coordination with Personal Programmer B.V. Special field of interest: recruitment, managing human resources and career development of software engineers in IT organizations.

Back To Top