Scroll Top

Политика на приватност

Вовеg

Персонал Программер се грижи за Вашата приватност многу сериозно и ги обработува Вашите лични податоци со најголема сигурност и грижа. Со Вашата Изјава за приватност и чување на лични податоци ќе можете подетално да дознаете како ги обработуваме Вашите податоци, како и да ги дознаете правата кои ги имате во однос на обработката на Вашите податоци. Ви препорачуваме темелно/детално да ја прочитате оваа Изјава за чување и приватност на лични податоци. Доколку имате какви било прашања или забелешки, ве молиме контактирајте не на info@personalprogrammer.nl.

Што е Personal Programmer?

Personal Programmer е компанија која е регистрирана во (3454 PV) Утрехт на трговскиот регистар на холандската Стопанска комора под запис 62374885.

Personal Programmer е одговорен за зачувување на вашите лични податоци кои ги давате на оваа веб-страница, односно функционира како безбедносен контролор при обработката на вашите лични податоци.

Како Personal Programmer ги користи Вашите лични податоци?

Во продолжение ќе најдете преглед на целите за кои се обработуваат Вашите лични податоци. Исто така, има спецификација за тоа кои податоци Personal Programmer ги користи за каква конкретна намена, за правната оправданост/правната издржаност и за временска рамка колку Personal Programmer ги чува овие податоци. Поради јасност, ги категоризираме целите на следниот начин:

Услуги, клиент менаџмент и финансиска администрација.

Цел:

Финансиска администрација

Информации:
Име на компанијата, адреса за наплата, детали за банка

Правна основа:
Правна обврска

Период на складирање/чување:
Онолку колку е потребно за оваа намена

Цел:

Услуги

Информации:
Домашна адреса, е-пошта, податоци потребни за обезбедување на услугата

Правна основа:
Потребни за извршување на договорот

Период на складирање/чување:
Онолку колку е потребно за оваа намена

Цел:

Фактурирање

Информации:
Домашна адреса, е-пошта, податоци потребни за обезбедување на услугата

Правна основа:
Потребни за извршување на договорот

Период на складирање/чување:
Доколку е потребно за оваа намена

Цел:

CRM

Информации:
Име, е-пошта, локација, телефон, слика на профилот

Правна основа:
Легитимни интереси

Важност:
Комерцијални интереси

Период на складирање/чување:
Онолку колку е потребно за оваа намена

Маркетинг

Цел:
Билтен

Информации:
Име, Легитимни интереси, е-пошта

Правна основа:
Легитимни интереси

Засегнати:
Комерцијални интереси

Период на складирање/чување:
Онолку колку е потребно за оваа намена

Веб-страница

Цел:
Анализа на веб-страница

Информации:
Онлајн однесување, локација

Правна основа:
Легитимни интереси

Засегнати:
Комерцијални интереси

ЗПериод на складирање/чување:
Онолку колку е потребно за оваа намена

Како ги добиваме вашите лични податоци?

Personal Programmer се стекнал со вашите податоци, бидејќи вие самите доброволно сте ги дале овие податоци на нашата веб-сраница.

Кои се вашите права?

Според Европската регулатива за општа заштита на податоци имате загарантирани права во однос на вашите податоци и нивната обработка:

Пристап
Можете да пристапите до Вашите лични податоци и да ги направите секакви потребни промени во Вашиот профил. Доколку сакате да видите кои ваши лични податоци ги имаме, можете да го искористите вашето право на пристап преку поднесување на барање до Personal Programmer.

Внесување промени
Доколку сакате да направите промени на личните податоци што сте ги виделе како резултат од барањето за пристап и не можете сами да ги направите промените во Вашата сметка, може да побарате Personal Programmer да ги направи овие промени за Вас. Вашето барање може да вклучува Personal Programmer да ги измени, коригира, дополни, избрише или заштити вашите дадените информации.

Ограничување во обработката на лични податоци
Под одредени услови имате право да побарате Personal Programmer да ја ограничи обработката на Вашите лични податоци.

Право на приговор
Ако обработката на Вашите податоци се одвива врз основа на „легитимен интерес” од страна на Personal Programmer или трето лице, имате право да поднесете приговор на таа обработка.

Преносливост на податоци
Имате право да ги добиете Вашите лични податоци од Personal Programmer. Personal Programmer ќе ја обезбеди оваа информација во структуриран и често користен формат, кој лесно може да се вчита со користење на определени секојдневно користени дигитални системи.

Согласност за повлекување
Кога правната основа за одредена обработка на податоци е преку ваша експлицитна согласност, имате право да ја повлечете таа согласност. Ова не влијае на податоците кои биле процесирани во минатото, но значи дека во иднина повеќе нема да имаме дозвола да ги обработуваме посочените податоци. Повлекувањето податоци може да влијае на неможност за обезбедување одредени услуги од страна на Personal Programmer.

Одговор од Personal Programmer
Можете да испратите барање на info@personalprogrammer.nl. и Personal Programmer ќе се придржува кон бараното и тоа што е можно поскоро и не подоцна од еден (1) месец од приемот на барањето. Ако Personal Programmer го одбие вашето барање, ќе биде наведено зошто барањето е одбиено.

Примателите на лични податоци
Можно е Personal Programmer да биде обврзан да ги достави Вашите податоци на трето лице, на пример, за исполнување на законска обврска.

Трансфер во трети земји или меѓународни организации
Можеби ќе биде потребно, на пример од технички и оперативни причини, да ги пренесеме Вашите (лични) податоци на подружници/соработници на Personal Programmer лоцирани надвор од Европската економска област. Поради можноста регулативите во областа на заштитата на приватноста не нудат иста заштита како во рамките на Европската економска област, Personal Programmer ќе го користи заштитниот штит, односно ЕУ клаузулите за што е можно подобра заштита на вашата приватност. Доколку тоа не е можно, Personal Programmer ќе побара Ваша согласност за пренесување на личните податоци во земји кои не се оврзани да се придржуваат кон европската заштита. Согласноста за користење на личните податоци можете да ја повлечете во секое време.

Што се „колачиња“ и како Personal Programmer ги користи?

„Колачиња“ се мали делчиња од (текстуални) информации кои се испраќаат до пребарувачот кој го користите кога ја посетувате веб-страницата на Personal Programmer и потоа се чуваат на хард дискот или во меморијата на вашиот уред. „Колачињата“ поставени преку веб-страницата на Personal Programmer не можат да го оштетат вашиот уред или датотеките складирани на него. Под „колачиња” исто така се подразбира и споредбени техники кои собираат информации, како што е отпечатокот на уредот (device’s fingerprint).

Дали настануваат промени во Изјавата за чување и приватност на лични податоци?

Изјава за приватност и чување на лични податоци може да биде променета во секое време и затоа ве советуваме редовно да ја читате.

Прашања, забелешки и поплаки

Доколку имате било какви прашања во врска со оваа Изјава за приватност и чување на лични податоци или начинот на кој Personal Programmer ги користи вашите податоци, можете да испратите е-маил на info@personalprogrammer.nl.

Во случај да имате приговор за начинот на обработка на податоци, ве молиме пратете е-маил на info@personalprogrammer.nl. Понатаму, секогаш имате право да го контактирате националниот надлежен орган за заштита на податоци.

Во Македонија, ова е Дирекција за заштита на личните податоци.