Scroll Top
Crvena Voda 6, 1000 Skopje
Интервју со Мартин и Кевин
Отворивте нова канцеларија во Скопје. Дали ова значи дека пандемијата КОВИД 19 заврши и сите вработени се враќаат на своите стандардни работни простории? Или ќе имате хибриден начин на функционирање на фирмата?

Кевин: Персонал Программер ги следи ИТ трендовите и уште пред пандемијата практикуваше хибреден начин на работа од канцеларија бидејќи своевремено ги искусивме бенефитите од работа на далечина. Девелоперите имаа можност за работа од дома 2 дена во неделата, но и свое место достапно во секој момент во канцеларија. Ваквиот начин на оператива покажа голем успех бидејќи колегите имаа повеќе приватност, концентрација и фокус, а флексибилноста и организацијата на својата работна околина влијаеше многу позитивно на нивната продуктивност.

Дали работењето „од дома“ имаше одредени бенефиции за компанијата, односно за вработените?
Кевин: Следствено на таквото функционирање, промената која ја донесе КОВИД-19 со постојана работа од дома за нас не беше нешто ново, ниту пак голем предизвик. Продуктивноста се зголеми уште повеќе, но долгорочноста на пандемиската состојба допринесе за изолација и оттуѓеност. Чувството на припадност кон групата речиси исчезна, мотивацијата за работа се намали бидејќи се работеше индивидуално. Се редуцираа и дискусиите за споделување знаење, значењето и суштината на работата. Токму од тие причини инвестиравме во канцеларија во центарот на Скопје. Новата канцеларија е изградена и заснована на она што нашите софтвер инженери сакаат и очекуваат од работна атмосфера/простор по Ковид-19. Некои од нив секојдневно работат од просториите, други доаѓаат 1 до 2 дена неделно, но флексибилноста е она што ги мотивира да бидат присутни во секој момент кога имаат потреба. Наша работа беше да обезбедиме најдобри достапни канцеларии во Скопје и со многу труд, се надеваме дека ги исполнивме очекувањата.

Колку македонскиот ИТ пазар профилира светски кадри и дали ја ширите својата активност и на други пазари при барање и наоѓање на вистинскиот ИТ професионалец, согласно потребите на Клиентот?

Мартин: Ако сме најискрени, македонскиот пазар изобилува со исклучителен талент. ИТ Кадарот е многу високо едуциран, а посветеноста и упорноста да се успее се на уште позавидно ниво. Сето тоа води до неприкосновен талент. Затоа клиентите и вработуваат софтвер инженери од Македонија. Персонал Программер се прошири и во Србија, но Македонија отсекогаш била и ќе остане база и седиште.

Што точно е вашата улога во оваа тријада – Персонал Программер, софтвер инженер и клиент. Како функционира моделот за обезбедување одлични работни услови за инженерот и квалитетен работен кадар за компаниите како ваши клиенти?

Мартин: Улогата на Персонал Программер е да осигура дека секоја страна(клиент и софтвер инженер) е фокусирана на долгорочна соработка, бидејќи само во тој случај сме направиле простор за успешна соработка. За да се постигне таа цел, секој учесник во тријадата не треба само да биде задоволен, туку и да добие и додаде значење на кариерата, можноста за раст и развој и да соработува со клиенти кои прават големи нешта во ИТ светот во здрава компаниска култура. Персонал Программер практично осмислува, помага, овозможува и испорачува се што им треба и на софтвер инженерот и на клиентот, но без да се инволвира во технички менаџмент на нивната комуникација. Новата канцеларија има голем удел во тоа: им овозможуваме на колегите место да се дружат, а клиентите да работат заедно со тимот.

Martin and Kevin shaking hands

Го применувате моделот „еден инженер за еден клиент“. Што добивате од него, а на што гледате како „загуба” од практикувањето на овој модел? Зошто само посветени девелопери?

Мартин: Ние, сметаме дека краткорочните проекти се најмалку успешни во IT светот. Кога започнавме во Македонија, бевме едни од првите што прифативме долгорочни визии од нашите клиенти. Некои дојдоа кај нас со краткорочни проекти (гледишта), а ние одбивме таков тип на соработка. Ги советувавме да инвестираме заеднички во луѓето во Македонија, да ги запознаат подобро, како размислуваат, како функционираат, што ги поттикнува, што очекуваат. Тие се ваши луѓе и треба да ги третирате како дел од тимот што седи до вас во канцеларија. Ако тие не припаѓаат на културата на клиентот и софтверот на кој работат (продуктот), нема да бидат дел од Персонал Программер на долг рок. Сите наши клиенти го разбираат ова и имаат долгорочна визија, па така посветеност кон работата и долгорочно развивање на продуктите/проектите е голем плус за взаемен раст. Како резултат на тоа, во моментов имаме клиенти и програмери кои работат заедно веќе 9 години. 

Освен талентот и професионалниот потенцијал, што друго им нудат ИТ експертите од земјава преку Personal Programmer на светските брендови?

Кевин: ИТ експертите во Македонија нудат многу како на личен така и на професионален план. Доколку ние и нашите клиенти ги исполниме ветувањата и задачите, македонскиот ИТ кадар е многу вреден и многу лојален на компанијата. Тие, исто така, се одликуваат со доста комуникативни способности, а истовремено се и екстровертни личности, што не е вообичаено во ИТ. Тоа е една од предностите во „софт скилс“ која секогаш се покажува како круцијална во ова поле. Повеќето од нашите клиенти се од Европа и бидејќи Македонија е релативно блиску, клиентите можат да ги посетат вработените или тие да патуваат во земјата на клиентот. Близината на временските зони е исто така голем плус.

Related Posts