Scroll Top
Crvena Voda 6, 1000 Skopje
Работа од дома во услови на пандемија

Во услови на пандемија од светски размери која продуцира општа хистерија, страв за своето, здравјето на блиските како и доза неизвесност за иднината, голем предизвик е да се одржи концентрација и продуктивност при работа, особено кога истата се извршува во домашен амбиент.
Иако Персонал Программер од самиот почеток ја поддржува можноста за работа од дома, сега, како општествено одговорна компанија чувствуваме и должност за тоа, истовремено размислувајки како да ги подобриме условите и квалитетот при извршување на работни обврски.
Во таа насока, при извршување на работни обврски од дома еден од приоритетите е да најдеме начин и да успееме да го одржиме нивото на мотивација.

01 coronaРаботењето од дома ни дава можност сами да го дизајнираме работниот простор според нашите потреби и удобност, па со зголемување на неговата ефикасност успеваме да ја подобриме и продуктивноста.
Создадете свое работно катче во работна околина која најмногу ви одговара за завршување на дневните обврски од “to-do” листата и секогаш работете од тука.

Листата на обврски секогаш помага да се држиме мотивирани до извршувањето и на последната работна задача и затоа е најдобро да се планира. Во зависност дали претпочитате дневно, неделно или месечно планирање, подгответе ја однапред, пред да го започнете работниот ден.
Со цел да го задржите фокусот, за време на работните часови ограничете го пристапот до социјалните медиуми, а комуникацијата со најблиските сведете је на минимум или одложете ја за подоцна.
Една од тајните за зголемена ефикасност при работа од дома е зголемена одговорност во смисла на самоконтрола и дисциплина, но и зголемена комуникација со останатите членови од тимот.

Живееме во време кога ни се достапни голем број на алатки па преку видео повици или дигиталните разговори имаме можност за лесно одржлива комуникација со нашите колеги.
Споделете поддршка, совети и заедно надминувајте ги секојдневните работни предизвици.
Не заборавајте на емпатијата и солидарноста кои во услови на вонредна состојба и зголемена дигитална комуникација се поважни од било кога.

Потсетувањето на нашите долгорочни цели и тоа каде се гледаме во иднина, секогаш ни помага да останеме мотивирани во процесот до нивно остварување 🙂

Во меѓувреме, правете паузи, за ручек, истегнување, кратка прошетка со социјална дистанца или друга активност која позитивно ќе влијае на вашиот дух и продуктивност.

Останете безбедни и позитивни!
Заедно сме во иста ситуација која ќе не направи уште посилни!

Related Posts