[vc_row][vc_column][vc_column_text]Холандската компанија Персонал Программер е активно вклучена во поддршката на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон развојот на образование, култура и хуманитарната дејност во Република Македонија.
Целите и начелата за донации и спонзорирање се интегрирани во деловната политика и стратегија на компанијата, па така како компанија со 12- годишна традиција на македонскиот пазар, од досегашното работно искуство веруваме дека образованието е столбот на едно здраво општество за создавање успешни млади луѓе и во секоја прилика се обидуваме да допринесеме во согласност со потребите и можностите.[/vc_column_text][vc_empty_space height=”24px”][vc_column_text]Како општествено одговорна компанија со желба да ги поддржи во развојот и напредокот учениците од идните генерации, Персонал Программер по повод патрониот празник на училиштето, го донираше својот инвентар во СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“ во соработка со В.Д директорката и педагогот на училиштето кои мотивирани безрезервно веднаш ја реализираа и дополнија идејата.[/vc_column_text][vc_empty_space height=”24px”][vc_column_text]Со оваа донација, Персонал Программер и В.Д. директорката на гимназијата – Елена Стојанова Димитров, сакаат да стават фокус на средното образование како момент кога учениците одлучуваат во која насока кариерно ќе се определат. Со донацијата сметаат дека ќе охрабрат многу млади ученици да го изберат токму Корчагин за стекнување на нови знаења но и насока, запознавање и отворени можности во ИТ светот.[/vc_column_text][vc_empty_space height=”24px”][vc_column_text]Дополнително средното училиште од 15.03.2023 до 15.04.2023 година ќе оствари соработка со компанијата во полето на „отворени денови“ за учениците од гимназијата да имаат подобра слика, како изгледа работниот ден во ИТ секторот во Македонија преку посета на канцелариите на компанијата и презентации од страна на врвни предавачи од ИТ.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]